Лејкерски подобри од Клиперс по паузата од НБА лигата

По повеќе од четири месеци пауза продолжи и НБА лигата. Ноќта во која се одиграа два дуели, ја одбележа борбата за Лос Анџелес во која составот на Лејекерс го надигра градскиот ривал Клиперс и славеше со 103-101. Леброн Џејмс и Ентони Дејвис го предводеа победничкиот состав. Џејмс воедно беше и човекот од одлука на овој натпревр откако со прецизен шут на 12 секунди до крајот, му донесе победа на својот тим. Сепак тој беше втор по екфикасност во редовите на Лејкерс со 16 поени, прво име беше Дејвис со постигнати 34 поени изминатата ноќ.  На спортивната страна најистакнат поединец беше Пол Џорџ со 30 поени.

Интересно и неизвесно до самиот крај беше и на втората пресметка каде Јута Џез тирумфираше над Њу Ореанс Пеликанс со 106-104. Јута одигра одлична последна четвртина во која го лимитираше противникот на само 12 поени, што беше пресудно околу конечниот исход на овој натпревар.  Кларксон со 23 поени беше прво име во редовите на победникот идентичен број на поени имаше и Инграм кој беше најдобар поединец кај Њу Ореланс.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста