ЛЕЈКЕРСИ ВО „МАМБА-ДИЗАЈН“ ЌЕ ИГРА ЗА НБА ТИТУЛА

ЛА Лејкерс е на чекор до 17. титула во НБА. Првата меч топка ја имаат вечерва против Мајами во петатта финална средба, каде ќе се појават во специјано дизајнираните црни дресови во чест на починатиот Коби Брајант, кој лично помогна во дизајнот пред две години. Овој сет на дресови го носеа и на вториот меч со Мајами, но и три пати претходно во плејофот, а интересно на крајот се радуваа на победа. Веруваат дека традицијата ќе продолжи и вечерва, 3 часот по полноќ, за крај на десет годишната пауза без НБА титула.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста