ЛЕЈКЕРСИ ПОУСПЕШНИ ОД БОСТОН ВО “НАЈТЕШКИОТ“ ПО ТИТУЛИ ДУЕЛ ВО НБА ЛИГАТА

Лејкерси славеа во мечот вреден 34 НБА титули против Бостон со 117-102. Леброн беше лидер во триото со Дејвис и Вестбрук кое уфрли 71 поен, а најефикасен во средбата беше Тејтум со 34 коша. Во скратенета утринска програма уште Бруклин го совлада Далас на гости со 102-99 иако Мавси во еден миг водеа со 17 разлика, овде Дурент реализиаше 28, а Дончиќ 24 поена, а пораз доживеа уште еден тексашки тим Сан Антонио кој дома загуби од Њујорк со 121-109.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста