ЛЕЈКЕРСИ ПОБЕДУВААТ БЕЗ ЛЕБРОН, ГОЛДЕН СТЕЈТ НЕЗАДРЖЛИВ СО КАРИ

Лејкерси се прилагодуваат на игра без Леброн и сега веќе слават и со дел од најсилните екипи во НБА. Езереџиите предводени од Малик Монк со 27 поени и Расел Вестбрук со трил дабл од 25 коша, 12 скока и 14 асистенции славеше и тоа во продолжение со Мајами со 120-117. Од другата програма, Голден Стејт е лидер на западот и во шампионатот со ефект од 10-1 по утринските 123-110 против Минесота, а на ситокот нависоко се поставени Чикаго кој беше подобар од Далас со 117-107 и Вашингтон кој славеше со Кливленд со 97-94.