ЛЕЈКЕРСИ ОДАТ ВО ПЛЕЈ ИН ДЕЛОТ ОД НБА ПЛЕЈ ОФОТ КАДЕ СЕ СОСТАВЕНИ СИТЕ ДВОЈКИ

Леjкреси го победиjа Њу Орлеанс со 110-98, но не се најдоа на шестото место во запдната конференција од НБА затоа што Портланд го победи Денвер со 132-116 и ја задржа предноста од една победа. Според тоа првакот ќе мора да оди во плеј ин делот и тоа на мегдан со Голден Стејт. Тоа е првата двојка од тој дел, а во втората ќе се сретнат Сана Антонио и Мемфис, на другата страна, на истокот разигрувањето за титулата ќе започне со пресметки на Бостон и Вашингтон и на Индијана и Шарлот. Екипите што обезбедија плеј оф ќе имаат мал одмор. Инаку познати се шет од осумте двојки за тој дел.  Така Јута ќе игра со тим од плеј-ин сегментот, Клиперси со Дала, Денвер со Портланд, а Феникс исто со екипа од плеј-инот. Натаму Филаделфија го чека противникот од првиот круг раззигрување, како и Бруклин, а познато е дека Њујорк ќе се сретне со Атланта, а Милвоки со Мајами.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста