ЛЕЈКЕРСИ ЛЕСНО ПОВЕДОА ПРОТИВ МАЈАМИ ВО ФИНАЛЕТО ОД НБА ЛИГАТА
Лејкерси славеа со Мајами со 116-98 и поведоа во финалето на НБА кошаркарската лига. 13 разлика за Хитси на стартот, брз камбек на жолтите, па повреда на Горан Драгиќ и потоа целосна доминација на екипата од ЛА. Вака течеше вооведното одмерување во Орландо во кое Лејкерси потврдија дека се големи фаворити, а сега ќе станат и уште повеќе ако се покаже дека стартниот плеј на екипата од Флорида нема да може да се врати за следните средби. Ентони Дејвис со 34 поени беше најефикасен, Леброн со 25, но и 13 скока и 9 асистенции најдобар, а кај Мајами Бетлер постигна 23.
КАТЕГОРИИ Кошарка