Лејкерси израмнија против Портланд, Хјустон со нова убедлива победа поведе со 2-0

Кошаркарите на ЛА Лејкерс се вратија во победнички ритам и убедливо  го совладаа Портланд со 111:88 во вториот дуел од 1.коло во плеј-офот на НБА лигата со што го израмнија резултатот на 1-1. Ентони Дејвис со 31 поен и 11 скока, беше најдобар поединец во поебдничкиот тим каде имаше голема помош и од Кентавиус Колдвел-Поуп со 26 поени. Во редовите на Портланд Демијан Лилард забележа скромни 18 поени, со оглед а тоа дека беше приморан пред време го напушти теренот поради повреда на прстот на левата рака.

Милвоки предводени од Јанис Адетокумбо кој оствари уште еден дабл-дабл со 28 поени и 20 скока го доби дуелот со Орландо 111:96 и покрај тоа што Меџик го имаа во своите редови расположениот Никола Вучевиќ кој забележа 32 поени и 10 скока. Бакси со овој триумф израмнија на 1-1 во првата фаза од разигрувањето.

Хјустон уште еднаш ја победи Оклахома овој пат со 111:98. Џејмс Харден беше најдобар поединец кај Рокетс со 21 поен. Со 2-0 поведе и мајами кој славеше ноќеска над Индијана со 109:100.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста