ЛЕЈКЕРСИ ГИ ОДРЖУВААТ ШАНСИТЕ ЗА ДИРЕКТЕН ПЛАСМАН ВО ПЛЕЈ ОФОТ

Лејкерси славеа за да ја прекинат серијата порази и да се прилбижат до шестото место во западната конференција, па и до место во плеј офот во НБА. Ентони Дејвис го водеше првакот со 42 поена и 15 скока во триумфот над вториот во лигата и безбедниот за разигрувањето Феникс од 123-110. Инаку Лејкерси се уште го бркаат Далас која пак немаше проблеми со Кливленд со 124-97 и сега има биланс од 40-28, а тоа е две победи повеќе од Лејкерси. До крајот на овој таканаречен прв или основен дел од НБА лигата има само уште седум дена, по што ќе има краткот плеј ин дел, а потоа и долг плеј оф.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста