Легендарната група „Меморија “ со нова песна

Легендарната група „Меморија “ со нова песна

„За добро да е “ гласи новата песна која ја сними легендарната група „Меморија“ во пресрет на големиот концерт кој ќе се одржи на 16-ти ноември во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Главен вокал е Ристо Самарџиев.

Песната официјално беше промовирана денес на прес- конференцијата на „Меморија“ пред концертот со кој ќе ја прослават 40-годишнината.

Освен промоцијата на пресот беа откриени и неколку детали за то што ја очекува публиката.

-На концертот ќе има само женски гости. Сара Мејс на харфа, Андријана Јаневска, заедно со Ристо и Поце ќе ја отпее „Параходот“, Дани Димитрова, Александра, а ќе има и девојки што ќе свират на тапан и зурла. Ова е само дел, бидејќи има уште многу нешто кои ќе го држат вниманието до крај, беше речено на пресот.

Песната е стилски поинаква од сето она што досега групата го работела, во брз ска ритам, но со мошне заразен и певлив хорски рефрен и стихови од кои извира чиста позитива, што и тоа како ни е потребно на сите нас во овие матни времиња.
Како и претходните новоизлезени песни и оваа е снимена во студиото „Тра ла ла“ на  Мите Димовски кој заедно со  Давор Јордановски ја изработиле музичката продукција, додека извршен продуцент е Петар Георгиевски – Камиказа.

Бендот досега имаше тројца вокалисти, и тоа Зоран Илиќ, кој го отпеа хитот ,,Нена”, па Апостол Поце Икономов, и на крајот Ристо Самарџиев.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста