Леброн со нов рекорд за прво плеј-оф водство на Лејкерси


ЛА Лејкерс го добија третиот меч против Портланд за пресврт и водство во плеј-оф серијата со 2-1. „Езерџиите“ славеа со 116-108, а најзабележителен беше Леброн Џејмс со 38 поени, 12 скока и 8 асистенции. За „Кралот“ ова е 158 победа во кариерата, со која го мина Тим Данкан на вечната листа, сега е втор со само три победи помалку од Дерик Фишер. Оклахома намали на 2-1 против Хјустон, совладувајќи го со 119-107 по продолжение. Прва победа во третиот дуел запиша и Милвоки над Орландо 121-107, Антетокумпо со 35 поени и 11 скока го враќа фаворитот во игра. А, на чекор до наредната плејоф рунда е Мајами откако по трет пат ја совлада Индијана 124-115, и покрај одличниот Брогдон со 34 коша и 14 асистенции.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста