Лебот поскапува за 10% најавија дел од компаниите

Лебот поскапува за 10% најавија дел од компаниите

Дали мелничарите и продавачите ја испекоа новата цена на лебот? Граѓаните се сведоци на ценовен шок. Во дел од маркетите лебот преку ноќ поскапе за 10%.  Мелничарите се правдаат дека цените се зголемиле поради цената на пченицата на светските берзи како последица на руско – украинскиот конфликт. Граѓаните немаат заштита, оти владините мерки завршија во март, па оттогаш производдителите можат слободно да ја формираат цената.

Веќе одредени компании го имаат зголемено лебот на пазарот, околу 10 % просечно. Причината за тоа е зголемувањето на цената на берзите во изминатите месец и половина. На светските берзи како во Америка така и во меѓународните пазари на Балканот се зголемија цените, со што допринесе и самите компании, според своите калкулации да ги зголемат цените. Но, со тек на времето тие почнале да се намалуваат па затоа и најверојатно одлучиле да ги покачат на 10% затоа што максималното зголемување беше на 25%“, вели претседателот на групацијата на мелничко пекарската индустрија, Горан Малишиќ.

Лошата вест е што ова ќе продолжи и во летниот период, а стабилизација се очекува дури од септември.  Малишиќ изрази оптимизам дека со почетокот на жетвата на пченицата, се очекува стабилизирање на цените на лебот и враќање на претходните нивоа.

Се очекува да се стабилизираат цените, да се намалат. Очекуваме да се стабилизираат околу септември. Потребата по глава на жител, Македонија е рангирана на 65 килограми брашно по глава на жител годишно, што е некаде по математика искалкулирано, негде над 200.000 тони пченица, без индустриски потреби. Нашето производство е некаде околу 65.000 тони просечно во изминатите години на пченица.  Македонија е зависна дали ќе увезе брашно или ќе увезе пченица за остатокот, на пример ако е пченица над 40.000 тони, ако е брашно е некаде околу 100.000 тони годишно. Така да ние сме увозно зависни. Ние произведуваме малце повеќе од 25% од нашите потреби“, вели Малишиќ.

Во вакви услови според производителите е неопходна поддршка од Владата во вид на субвенции за земјоделците.

Пред 15 години, па би рекол и повеќе Македонија произведуваше, мислам откупните центри и продавниците преработувачките капацитети откупуваа годишно, околу 200.000 тони пченица. Значи се произведувало пред 15 години 20 години. Многу е битно ние како држава да бидеме стабилни и да имаме сопствена храна да не бидеме увозно зависни за основните суровини како што се пченицата брашното и друго. Така да може со подобри мерки со подобри стимулации“, вели Малишиќ.  

Алфа побара став и од Антимонополската комисија, дали можеби станува збор за договорено истовремено поскапување кое е забрането со законот за заштита на конкуренцијата. Оттаму велат дека цените ги формирал пазарот и дека може да поведат постапка само доколку утврдат злоупотреба на доминантната позиција на некоја компанија за што засега немало индиции.

Љубиша Владимиров

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )