ЛЕ: СИЛЕКС ДОМАЌИН НА ДРИТА, РЕНОВА ГО ПРЕЧЕКУВА ХАЈДУК, А ШКЕНДИЈА КАЈ БОТОШАНИ ВО 2.КОЛО

По елиминацијата од Карабах во Лигата на шампионите, македонскиот прволигаш Силекс се сели во Лига Европа, каде во второто коло ќе ги измери силите со косовскиот шампион Дрита, кој претходно испадна поради позитивните случаи на коронавирус. Противник по мерка или единствениот неносител од можните потенцијални ривали,  а привилегија за Силекс е тоа што ќе играат на свој терен во Кратово. Ждрепката во Нион донесе балкански противници и за тетовските прволигаши. Шкендија по триумфот во Азербејџан против Сумгаит, оди на ново гостување во Романија, кај Ботошани, во чии редови играат македонските интернационалци, Стефан Ашковски и Давид Бабунски. За разлика од нив, Ренова по изненадувањето кај ерменскиот Алашкерт, во второто коло ќе го пречека сплитскиот Хајдук. Сите натпревари се играат на 17 септември.

Advertisements