Лазаров: Бугарите си го надградуваат договорот како што нив им одговара

Претседателот на македонско – бугарската Стопанска комора, Кирил Лазаров во емисијата 24 анализа рече дека договорот каде што внатре се опишани општи работи и претставува добар старт за надоградба на било што. Но, самоиницијативно Бугарите си го надградуваат договорот како што на нив им одговара.

„Тој Коридор 8 не се споменува во договорот, а сега тие го наметнуваат барањето за да се оправдааат зошто не блокирале. Што Бугарија има направено за Коридор 8? Коридор 8 е коридор којшто беше ставен највисоко на агендата на Берлинскиот процес. Тоа значи поврзување на Црното со Јадранското море и тоа е стратешко поврзување на земјите кои гравитираат околу Црното море со Италија и Албанија.“  вели Лазаров.

Лазаров потенцираше дека од бугарска страна 30 години одбиваат граничниуот премин на Берово – Сандански, наречен Клепало. Истакна дека се случуваат парадокси од кои не знаат да се извлечат од ситуацијата во која се доведоа и дека вината за се ја бараат во нас. 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста