Лавров во посета на Белград

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска во Србија ќе разговара со претседателот Александар Вучиќ и тамошниот министер за надворешни работи за политичката и економската соработка меѓу двете држави, ситуацијата на Балканот и тековните меѓународни прашања. Една од важните теми, како што се очекува, ќе биде прашањето за Косово, за кое Вучиќ во понеделник разговараше преку телефон со рускиот претседател Путин. Москва е за изготвување компромисно решение прифатливо за Белград, кое мора да го одобри Советот за безбедност на ОН. Српскиот претседател за Москва ќе отпатува следната недела, каде што ќе се сретне со Путин и ќе присуствува на воена парада по повод 75-годишнината од победата над фашизмот.

За посетата на Лавров, Вучиќ истакна дека фактот што ја избра Србија за прва посета во странство откако е започната пандемијата е уште една потврда за најблиските пријателски односи и вонредно стратешко партнерство меѓу Србија и Русија.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста