Лавров: САД сакаат да го запрат „Северен поток 2“ од идеолошки причини

Намерата на САД да ја спречат изградбата на гасоводот „Северен поток 2“ е мотивирана од идеолошки, а не од економски причини, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за телевизјата РТ (поранешна Раша Тудеј), што ќе се емитува доцна вечерва.

– Кога говориме за конкуренцијата од секогаш сум сметал дека слободниот пазар подразбира фер конкуренција. Министерот за енергетика на САД, Рик Пери изјави дека „Северен поток 2“ треба да биде запрен, а оние европски компании кои учествуваат во проектот ќе бидат изложени на американски санкции, затоа што преку него на САД им се конкурира со авторитарен гас од Русија. Тоа не е економија, тоа не е конкуренција, тоа е чиста идеологија, вели Лавров.

Шефот на руската дипломатија во интервјуто се осврнува и на обвинувањата за руско мешање во американските претседателски избори во 2016 година, нагласувајќи дека службите во САД досега не успеале да изнесат веродостојни факти што ќе ги потврадат тавите наводи,

– Го прочитав и извештајот на сенатската Комисја за разузнавање во која се тврди дека Русија се мешала во изборите, но во него не се посочува ниту еден факт, нагласува Лавров во интервјуто.

Тој оценува дека политика на Западот кон Русија се гради на формулации од типот „многу веројатно“ и „нема друго веродостојно објаснување“, за што како пример го посочува случајот со труењето на двојниот руски агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка во Велика Британија, за што, според него, „нема никаква транспарентност“