Латас: Заев не е политичар, тој е бизнисмен, тој е шеф на мафија

-Зоран Заев не можете да го гледате како политичар затоа што тој не е политичар тој е бизнисмен, тој е шеф на мафија и неговата логика е мафијашка. Нему му е битно да добие уште еден мандат, да го покриваат некои нови судии. Тој 12 години бил градоначалник и 4 години е премиер и денес се пофали дека има 8,7 милиони евра кеш од државна служба. Самото тоа дава заклучок што е неговиот приоритет, него го интересира кеш. Што и да побара Бугарија тој ќе дадe.Тој веќе го дал Гоце Делчев сега само се спроведува, него го опеменаа дека договорoт е веќе склопен само треба да го проведе, ова го истакна новинарот Драган Павловиќ Латас во своето гостување во емисијата „Што не е јасно?“.

Латас во своето гостување укажа дека беспредметно е да се разговара дали Гоце Делчев е македонец, посочувајќи дека Делчев е основополжник на современата борба за Македонија.

– Беспредметно е да се разговара дали Гоце Делчев е македонец, тој е основоположник на современата борба за Македонија, вели Латас.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста