Латас за Алфа: СДСМ веќе не е партија, туку заложништво на невладините- ги презема ли Заев сите партиски конци?!

Латас за Алфа: СДСМ веќе не е партија, туку заложништво на невладините- ги презема ли Заев сите партиски конци?!

Не се појави на конгресот, ама во свои раце си ја презема целата СДСМ. Освен што лидер на партијата е неговиот личен пријател Венко Филипче, Зоран Заев на конгресот во највисокиот партиски орган, централниот одбор, инсталираше свои луѓе. Меѓу нив се, поранешен градоначалник, директори, заменик министер, пратеник, луѓе кои не беа многу експонирани, но се дел од неговиот круг. Тоа што предизвика најголеми негативни реакции е и изборот на Фани Каранфилова-Пановска, поранешниот прв човек на фондацијата Сорос за заменик претседател на СДСМ. таа доаѓа на местото на Сања Лукаревска, фотеља во кој седеше и Радмила Шекеринска. За многумина ваквиот избор на луѓе покажува во каква состојба е партијата во моментов, односно дека нејзина единствена цел е финансирање на одредени невладини организациии.

-СДСМ веќе не е партија, СДСМ е заложништво на невладините партиски организации. Од доаѓањето на Заев од одењето на Бранко Црвенковскик, таа партија веќе не е партија, таа партија е извршител на хонорарните потреби и потребите за алиментација на невладините партиски организации на СДСМ. Тие таму уфрлија свои луѓе, тие кршеа по шарена револуција, тие имаа свои пратеници, свои министри, сега редно е, нормално е да ја имаат и целата партија, па ќе ги видиме на терен, изјави новинарот Драган Павловиќ Латас за Алфа.

Според него, Филипче бил инсталиран од струмичкото крило на партијата и со тоа дефакто Заев се уште ги држи комнците. Со овие луѓе во главните партиски тела, СДСМ само се подготвува за пораз во неколку следни изборни циклуси.

-Видов една група од 130 луѓе која е избрана, тотални анонимуси, никаков придонес во политиката, во јавниот живот, никаков влог во партијата на сопствен професионален или било каков личен авторитет во јавноста. Имам само краток коментар, дека СДСМ вчера потпиша пораз на локални избори и најави пораз на идните парламентарни избори. Најмногу се радуваа од ЗНАМ, кои веројатно ќе добијат барем 2-3 пратеника повеќе на наредните парламентарни избори, изјави Латас.

Меѓу членовите на Централниот одбор ќе бидат Филип Андов- Сокол, поранешниот директор на затворот Шутка, Горан Трајковски- Штраус, кој беше прв човек во Пазарна инспекција, Викторија Аврамовска Мадиќ, екс заменик министерка за правда, Велимир Смилевски, кој беше градоначалник на Бутел, Мартин Костовски, поранешен пратеник, Гордан Шутаров кој во моментов е дел од Советот на Град Скопје, поранешниот претседател на СДММ Марко Михаилоски и Кети Штерјова, која во минатото била на функцијата потпретседател на младинската организација на социјалдемократите.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста