Лајпциг го совлада Атлетико Мадрид (2-1) и просперира до полуфиналето во ЛШ

Лајпциг приреди огромно изненадување со победата против Атлетико Мадрид во Лисабон од 2-1 и со продорот во полуфиналето од Лигата на Европските фудбалски шампиони. Германците кои имаат куса, само 11 годишна историја на постоење во вистинска рововска, но и интересна и квалитетна битка на Естадио Жозе Алвеладе потполно го заслужија успехот и во вторник против ПСЖ ќе играат за финале на 65-тото издание на натпреварот на најдобрите. Сите голови во Лисабон синоќа паднаа во второто полувреме. Олмо за 1-0 за Лајпциг во 50-та минута, Феликс во 71-та од пенал за Атлетико и Адамс одново за Германците во 88-та, за точка на мечот кој му го донесе убедливо најголемиот успех на Лајпциг, а Шпанците ги сведе на само уште еден претставник и кандидат за пехарот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста