Лајен: Работиме со цел добро да ги почнеме односите со Велика Британија

Сите земји членки на ЕУ се се подготвени да сторат сé што е можно за до крајот на годината да се постигне договор за единствено партнерство со Велика Британија, изјави претседателката на Европската комисија Урсула  фон дер Лајен.

– Никој не може да каже каде ќе бидат овие преговори на крајот на годината, но знам дека ќе сториме сé што можеме за да постигнеме договор и да обезбедиме добар почеток во односите со Велика Британија како трета земја и сосед, рече фон дер Лајен.

На видео конференцијата беше нагласено дека се работи за да се премостат разликите кои се уште постојат во однос на воспоставување на исти услови за ЕУ ​​и Велика Британија во областа на риболовот, администрацијата и соработка на полицијата и судството.