Ладен туш за фаворитите Лејкер и Милвоки на стартот од плејофот

Најдобрата екипа на Западот, ЛА Лејкерс со пораз од Портланд (100-93) ја отвори плејоф серијата. Блејзерс со пресврт во последниот квартал поведе со 1-0, а иницијатор на истиот беше Демијен Лилард, кој заврши со 34 поени и по 5 скока и асистенции. За Лејкерс од помош не беше ниту трипл-дабл ефектот на Леброн Џејмс со 23 поени, 17 скока и 16 асистенци. Вечерта претходно ја отвори сензационалниот триумф на Орландо против големиот фавориот Милвоки (122-110). Вучевиќ заврши како прв стрелец со 35 коша и 13 скока, а кај поразените најпрецизен беше Антетокумпо со 31 поен и 17 скока. На останатите средби, Хјустон со прв триумф над Оклахома (123-108). Џејмс Харден уфрли 37 коша, а собра и 11 топки под обрачите и Мајами поведе над Индијана (113-101), благодарение на Батлер со 28 и Драгиќ со 24 поени.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста