ЛАЦИО, ПСЖ И ЛАЈПЦИГ ИМ СЕ ПРИКЛУЧИЈА НА ПОЗНАТИТЕ ПАТНИЦИ ВО 1/8 ФИНАЛЕТО ОД ФУДБАЛСКАТА ЛШ

Лацио, ПСЖ и Лајпциг синоќа им се приклучија на, од предходно сигурните во Е-Х половината од групите, Челзи, Севиља, Борусија Дортмунд, Барселона и Јувентус, и ќе играат во првиот елиминациски круг во Лигата на европските фудбалски шампиони закажан за февруари. Римјани во тет а тет пресметка со Бриж одиграа 2-2 што им беше доволно да останат втори во шестата група затоа што Борусија Дортмунд со победата од 2-1 кај Зенит ја завери првата позиција. ПСЖ не го доигра мечот со Басакшехир чии играчи заради наводна расистичка навреда од страна на четвртиот судија Романецот Себастијан Колтеску го напуштија мечот на Паркот на принцовите уште во првото полувреме, што на Французите не им пречеше да минат во следната рудна од осмиот состав зошто Лајпциг во клучниот меч за опстанок меѓу елитните го победи Манчестер Јунајтед со 3-2. Германците како први или втори одат натаму, а тоа зависи од денешното продолжение во Париз зошто УЕФА реши да се доигрува од 13 минута и со нови арбитри, а Англичаните сигурно се селат во Лига Европа. Во конкуренциите во кои се беше решено од минатата недела: лидерот Челзи ремизираше со Краснодар, 1-1, а втората Севиља победи кај Рен со 3-1 во Е, а Јувентус со убедливи 3-0 на Камп Ноу го презеде првото место во Г групата од Барселона, додека Динамо Киев минимално славеше со Ференцварош 1-0 и дојде до третото место.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста