Ла Лига воведе финансиски ограничувања за летните трансфери на клубовите

Раководството на Ла Лига воведува одредени ограничувања кога во прашање е летниот преоден рок. Планиран е финансиски лимит кога во прашање се парите кои може да ги потрошат клубовите при купувањето на новите засилувања. Екипите кои ќе бидат активни на трансфер пазарот ова лето, ќе можат да потрошат само една четвртина од парите кои би ги заработиле со продажбата на играчите во споменатиот преоден рок. Предлогот наиде и на поддршка од шпанската Влада која вети и помош до екипите со обезбедување на дел од средствата наменети за исплата на месечните примања на играчите.

Ваквата одлука никако не им оди во прилог на гигантите Реал Мадрид и Барселона, кои се познати по енормното трошење на пари посебно во летниот преоден рок, а сега ќе бидат исклучително лимитирани. Според досегашните најави и кралевите и каталонците немаат некои посебни најави за мега трансфери, па можеби ваквата одлука барем летово нема да повлијае на освежувањето на нивниот ростер.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста