Курто Дудуш со казни и притисоци до пазарџиите од Шутка, или ќе гласале за него, или ќе им ги одземел тезгите

Закани, казни и притисоци секојдневно ги тресат пазарџиите од општина Шуто Оризари. Дел од закупците на тезги пред камерата на Алфа се пожалија дека градоначалникот Курто Дудуш не престанувал да ги уценува и да се изживувал врз нив. Велат дека во предизборие, сакал да купи повеќе гласови, во спротивно ќе им ги одземел тезгите од каде го ваделе лебот.

– Ова е веќе дивеење од него, предизборно се пазари со нас, се пожалија пазарџиите пред нашата камера, кои сакаа да останат анонимни.

Поразителните политики кои ги води градоначалникот на општина Шуто Оризари, не престануваат се жалат пазарџиите. Велат отишол и до таму што почнал да удира и по нивните џебови и тоа од 50 евра па нагоре поради погрешно поставен штанд.

Според сведочењето на пазарџиите, градоначалникот без срам и перде ги свикал во општина и јавно им се заканил дека мора да гласаат за него на претстојните избори.

Ова е само уште еден пример за праксата што власта ја спроведува во континуитет за притисок врз гласачите, посебно кон Ромите, велат тие. Алфа беше во Општината, но градоначалникот не беше таму.

За самоволното и каубојско функционирање на градоначалникот Курто Дудуш, според нашите соговорници, доказ е и неговата постапка каде ги казнува само дел од пазарџиите, а останатите може слободно и на улица да продаваат, зашто зад нив стоеле високи претставници од власта. Тие велат дека нема да попуштат, и дека нема да дозволат да се врши притисок врз нив, поготово не сега за време на предизборие.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста