КУРИР: Советник на СДСМ во Ѓорче Петров иако имал симптоми на корона присуствувал на седница за да помине новото задолжување на општината

На седницата на Советот на општина Ѓорче Петров која што се одржала во вторникот, присуствувал советник од советничката група на СДСМ, кој претходно имал симптоми на КОВИД-19 вирусот. Според информациите, тој иако знаел дека не се чувствува добро, присуствувал на седницата поради тоа што веќе една од советничките од советничката група најавила нејзино отсуство, а доколку не присуствувал и заболениот од КОВИД-19, немало да може да се изгласаат точките во кои се предвидува ново задолжување на општината од над 1 милион евра.

Имено, се работи за советникот на СДСМ Влатко Цветковски, кој воедно е и координатор на советничката група на СДСМ во Советот на општина Ѓорче Петров.

Според нашите сознанија, тој имал директен контакт со советниците од нивната советничка група, како и со дел од претставниците на Иницијативата против урбаното дивеење кои присуствувале на седницата, со цел да добијат одговор во врска со спорниот ДУП за СЗ 24 во населеното место Јурија во Дексион.

Според изворите на КУРИР, тој изминатите неколку денови имал симптоми на Ковид-19, а веќе во средата, еден ден по седницата на Советот, направил и тест за Ковид-19, на кој бил позитивен.

Иако знаел дека не смее да се појавува во јавност, односно да се меша во толпа, поради симптомите кои ги имал, тој свесно присуствувал на седницата за да му помогне на градоначалникот Наумовски да ги помине точките кои им биле предвидени за самата седница.

Со ваквата постапка Цветковски ги довел во опасност животите на сите 23 советници во Советот на општина Ѓорче Петров, како и животите на општинската администрација и медиумите кои биле присутни, а на кои Цветковски дури и им дал изјава.

Според законот, доведувањето во опасност на животите на другите присутни поради криење на симптомите на КОВИД-19 вирусот, се одговара кривично.

КУРИР веднаш по добивањето на овие информации побара одговори од општина Ѓорче Петров, но од таму не добивме ништо.

Денес се обидовме да го контактираме лично советникот, но тој не одговара на прашањето дали е точно дека по седницата се тестирал и добил позитивен резултат на коронавирус.

Молкот од општината и од советникот се доказ дека се обидуваат да сокријат во каков ризик поради несериозност и неодговорност се ставени низа граѓани.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста