Куманово се засили со поранешен НБА играч на Мемфис

Високите амбиции на Куманово за наредната сезона не се тајна, за тоа сведочи и последното, американско засилување во Џош Селби, поранешен играч на Мемфис во НБА лигата. 29-годишниот плејмејкер во најсилната лига на светот влезе во 2011 година како избор од втората рунда на драфтот, а за Гризлите одигра 38 натпревари во две сезони. Во Куманово доаѓа од аргентински прволигаш, а на балканот има играно за загребска Цедевита. Претходно, кумановчани се засилија со Американецот Гуити и Робев од Вардар, а кормилото го презеде Мирковски од Петровиќ.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста