Куман ќе го наследи Сетиен на кормилото во Барселона

Барселона денска има вонреден состанок по дебкалот кој го доживеа клубот при елиминацијата во четвртфиналето во Лигата на шампиони. Иако официјално не е потврдено шпанските медиуми сметаат дека Роналд Куман ќе го замени Кике Сетиен на тренерската позија. Куман кој е актуелен селектор на Холандија, доцна синоќа слетал во Барслеона, на преговори со раководството на каталонскиот гигнат. Наводно дел од неговите барања е и три годишен договор за предвреме да ја прекине соработката со холандскиот фудбалски сојуз. Куман е легенда на Барса но очекувано е и сега да постави свои услови за реконструкција и враќање на препознатливата игра на тимот. Опции за тренерското столче на “Ноу Камп“ беа уште и Маурицио Покетино и Чави Ернандез.