Куман го ослободува Суарез, уругваецот ќе си замине од Барса

Шпанските медиуми тврдат дека Луис Суарез летово ја напушта Барселона, и наскоро ќе има нов клуб. Уругваецот утрово се слушнал со Доналд Куман, кој му посочил дека нема да смета на него, и дека може слободно да бара нова средина. Неговото место најверојатно ќе го пополни Гризман, кој минатата цела сезона ја играше надвор од својата природна позиција. Суарез во дресот на Барса одигра 283 натпревари, постигна 198 гола и подели 109 асистенции. Ова почеток од клучната седмица во Барселона, во која се очекуваат големи промени.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста