Култното пливалиште Струга ќе стане базен

Без довола за градба, и без да се обезбедат потребните мислења на надлежните инстутуции,со градежна механизација се прокопува и се тампонира струшкото пливалиште-најзначајниот белег на градот ќе се претвори во базен. Претседателот на  Пливачкиот клуб “Струга”, Ѓорѓи Чуркоски вели дека пливалиштето е нивна сопственост и оти постапувале согласно прoeкт изготвен од Градежниот Институт на Македонија.Ја искориствивме вели Чуркоски механизацијата со која се чистеше коритото и устието на Дримот, да ја исчистиме тињата од пливалиштето која се таложеше со години, за да можеме да го тампонираме дното на пливалиштето.

-Ова е прва фаза фактички правиме темел на тој базен,односно плоча сакаме да стигнеме до плочата која ќе е на чисто дно.Ќе биде бетонска плоча, ќе биде поплочен базенот? Па да,ќе биде поплочен базенот.Рековте имате проект изготвен,дали имате одобренија за градба од ресорните министерства? Не ,не го имаме поставено на тоа ниво, ние само ја вадиме тињата и ставаме чист тампон, изјави Ѓоко Чуркоски претсеател на П.К.Струга

Базенот ќе бил подигнат повисоко од езерското ниво, а ќе го полнеле со вода од езерото со помош на пумпи.Од општина Струга за Алфа велат дека пливачкиот клуб нема одобрение за таков зафат, бидејќи пливалиштето е во самото езеро и согласно препораките на Унеско, не се дозволени такви интервенции. За градежните зафати на пливалиштето побаравме став и од Агенцијата за млади и спорт од каде велат дека со механизацијата таму се направиле и дополнителни оштетувања на ѕидините.

– Не се во добра кондиција тие ѕидови,да тие беа стари од пред многу, многу години но со самото чистење од внатре на пливалиштето и од чистењето на устието и самиот Дрим,веќе тие бетонски ѕидови нема на што да се држат,веќе се во лоша ситуација.Сето тоа може да направи некаков проблем,тоа мора да се санира,не знам кој го дозволи тоа, изјави Науме Мојсоски директор на Агенцијата за млади и спорт

И додека надлежните не превземаат ништо да ги спречат активностите на пливалиштето за кое велат дека се прават на своја рака, стружани преку социјалните мрежи се организираат да го спасат објектот кој за нив е душата на градот.

-Пливалиштето не е приватна сопственост на поединци,кого го прашавте вие? Спречето го уништувањето на нашето пливалиште .Прво ги срушија трибинте за комерцијални цели и тогаш никој не реагираше.

Излезете! Не смее веќе да се дозволува, секој да ја”уредува”земјава како да е негов двор!!-пишуваат стружани на социјалните мрежи.

Росица Голабоска