Кучињата лаат, караванот си врви: По сите критики, Судскиот совет си тера по старо

Кучињата лаат, караванот си врви: По сите критики, Судскиот совет си тера по старо

Кучињата лаат, караванот си врви. И покрај критиките од домашната експертска јавност и меѓународната заедница за работата на Судскиот свет, членовите продолжуваат со полна пареа. На 4 септември ќе бираат нов член, а се жалат им недостигале и пари.

Експертите вчудоневидени како болна точка на членовите на Судскиот совет им се парите, а не ги засега довербата на граѓаните од 2 %. Според адвокатот Сашко Дуковски уште потрагично е тоа што и покрај толку критики, тие си тераат по свое.

Тој вели дека добро е што единствената кандидатка што се пријавила за член на Судскиот совет Џенета Бектовиќ доаѓа од редот на судиите, за разлика од како што вели, останатите членови кои се поранешни судски соработници и партиски службеници од општини. Според него, Судскиот совет не треба да се реформира, туку да се укине.

Членовите на Судскиот совет негодуваат за ребалансот на буџетот и кратењето на судскиот буџет за 65 милиони денари откако Министерството за финансии инфомираше дека судиите и обвинителите со парите за вработување, не вработувале туку си ги делеле како додатоци на плати. На вчерашната седница членовите изјавија дека немаат компјутери и принтери, а според претседателката Весна Дамева судството се уште нема финансиска самостојност и заради тоа е доведена во прашање независноста и самостојноста на судството.

Реформите во правосудството станаа актуелна тема откако премиерот Христијан Мицкоски побара самораспуштање на Судскиот совет поради недовербата на граѓаните во системот и скандалозното однесување на членовите кое беше осудено од меѓународната заедница. Откако на неговото барање следеа амбасадорски и експертски критики, тој остави простор и за поинакво решение за Судски.

Новиот министер за правда Игор Филков повика на широка дебата за наоѓање на соодветно решение за Судксиот и Обвинителскиот совет.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста