КСС: Платите на административците да се усогласат со растот на минималецот

Платите на службениците во јавниот сектор да се усогласат со порастот на минималната плата – побара Конфедерацијата на слободни синдикати. Во моментов велат за голем број на работни места е предвидена плата близу до минималецот, а разликата меѓу примањата на високообразованите кадри и оние средна стручна подготовка е драстично намалена. Платите во моментов не се усогласени, а тоа е кршење на колективните договори – обвинуваат од КСС.

Изедначувањето на платите е особено забележливо во дејноста детска заштита. Од синдикатот обвинуваат дека работници со различен обем на работа, земаат иста плата.

Изедначувањето на платите во јавниот сектор мора да се надмине – велат од синдикатот. Со секој пораст на минималецот, бараат корегирање на платите во администрацијата. Минималната плата во моментов изнесува 14.500 денари. Бизнисмените и овој пат предупредија дека растот на платите треба да биде според можностите на компаниите и дека треба да биде проследен со зголемена продуктивност на кадарот.

Тања Попова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста