КСС: Генерален штрајк или радикални протести по неуспешните преговори со Владата за усогласување на платите во јавниот сектор

Сезоната на протести и штрајкови стартува веќе од утре. Глувоста на власта околу барањата на работниците во јавниот сектор за усогласување на платите со зголемениот минималец ќе го блопкира работењето на редица државни институции. Од понеделник нема да работат училиштата и градинките. Синдикатиоте предупредуваат дека ќе има масовни приотести ако нема договор за нивните барања

Синдикатите се мобилизираат за серијата протести и штрајкови кои стартуваат утре во дел од јавните институции. Два часа ќе запре работењето во речиси сите институции кои се под капата на синдикатот на УПОЗ, меѓу нив и судовите но и катастарот. Непопуларната мерка е предупредување, но ќе има радикализација ако нема договор со власта за зголемување на платите. Конфедерацијата на слободни синдикати најави поддршка за колегите и предупреди дека доколку нема слух, власта ќе се соочи со масовни протести.

Незадоволството кај членството, рече Ралповски, е се поголемо и се бара радикализација на идните чекори што би се реализирала во скоро време.

  • Тој закон не носи ништо добро, само по 100 до 200 денари за покачување на платите во јавнот сектор. Манипулацијата е голема, се манипулира со 5, 6 до 10.000 работници. Се работи за 100.000 работници, кои не можат да земат повисока плата доколку Владата не донесе одлука за зголемување на бодот. Ги повикуваме сите пратеници да застанат на страната на работниците, да ја сопрат оваа манупилација и да не дозволат еден ваков потценувачки закон да помине во Собрание, додава Ралповски.

Реакција за Законот за административни службеници стигна и од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму велат дека така како што е скроен, Законот предвидува покачување на платите само за една група работници во јавниот сектор, но не за сите.

Предлогот за линеарно покачување на платите доби поддршка и од Сојузот на синдикати на Македонија, од СОНК и од Синдикатот на УПОЗ. Од КСС зборуваат за синдикално единство исклучиво во интерес на работниците.

  • Го поддржуваме штрајкот на УПОЗ, но мораме да кажеме дека уште кога беше најавен, испративме допис до нив во кој ги поддржуваме заради обединување на работниците и заради истата цел – платите на вработените во јавниот сектор. Тоа беше на 1 април, но не добивме одговор. Вчера повторно испративме допис до Синдикатот на УПОЗ и побаравме да седнеме заеднички и да ни кажат дали е тоа протест или штрајк затоа што се одвива во работно време. Добивме одговор од една реченица – со оглед дека имале големи обврски дека не можат да се состанат со нас и дека не повикуваат на 7 и 8 април. За што да го повикаме, за кое барање? Дали на протест или на штрајк?, рече Ралповски.

Синдикатот на УПОЗ стартува утре, а според најавите ќе продолжи со прротестот и во петок. Следува СОНК кој од понеделник ќе стапи во штрајк, ќе биде прекината наставата и нема да бидат згрижувани децата во градинките, зашто на последните преговoри немаше решение за нивните барања. Од следната недела ќе штрајкуваат и вработените во пошта. Ќе престанат со работа на 14-ти март. И тие бараат зголемување на платите за 3.000 денари.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста