Крводарителите во акција за обезбедување конвалесцентна плазма

Секоја среда, битолските крводарители што прележале ковид- 19, доброволно даруваат крвна плазма во Регионалниот центар за трансфузиона медицина во Клиничката болница во Битола. Целта е да се обезбедат потребните количества на драгоцената течност за конвалесцентна плазма, потребна како дополнителна терапија за пациентите со потешка клиничка слика на корона. Така беше и денеска, според плановите, педесеттина крводарители кои ја имаат прележано короната, несебично ја искажаа својата хуманост.
Да се спасат луѓето што се болни. Секако, ние поминавме и се спасивме- рече еден повозрасен краводарител. – Досега имам дарувано крв петнаесет пати. Поттик беше хуманоста, во ова кризно време да се поможи колку што се може- рече друг крводарител. – Јас сум го прележал истото и знам во какви тешки ситуации се оние што се заболени- рече помлад битолчанец.- Прележав ковид во декември и се одлучив да дарувам крвна пазма и се надевам дека ќе помогнам со овој хуман гест– рече битолскиот новинар Сашо Ристевски.
Регионалниот центар, акцијата ја организира во неколку градови од регионот, а потоа плазмата според безбедносни протоколи се транспортира во Институтот за трансфузиона медицина во Скопје, каде што 11 месеци со клеточен сепаратор се врши палзмаферза. Потоа, конвалесцентната плазма се дистрибуира во болниците од регионот и се користи според протоколите за лечење од Ковид- 19.
Ќе потенцирам дека оваа конвалесцентна плазма е помош во лекувањето на болеста. Значи не е лек, а механизмот е имунолошки антиген- антитело и многу е важно да се даде во почетокот на болеста- рече д-р Лидија Стојанова Вилос, раководител на Регионалниот центар.
За жал, во Ковид центарот на Клиничката болница, често се случува потребата од конвалесцентна плазма да е поголема отколку што Центарот за трансфузиона медицина може да испорача, особено што тука се хоспитализираат најголем број на пациенти и во последниот бран сите со тешка клиничка слика и на кислородна поддршка. Крводарителите кои имаат големи повластувања во јавниот здравствен сиситем, во време на пандемија, надвор од системот и по своја желба, не можат бесплатно да прават брзи тестови, тестови за утврдување на анститела и PCR – тестови.
Петар Стефановски