Кризата со зејтинот дефинитивно се прави вештачки

Власта непотребно носи мерка за ограничување на продажбата на масло за јадење. Производителите сметаат дека оваа мерка е непотребна бидејќи во нивните магацини имало доволни количини за задоволување на потребите на пазарот. Дополнителен проблем е што вала поставена, мерката тешко би се контролирала.

Колку во тоа ќе бидат успешни тие мерки навистина не знам затоа што маркетите ми кажале дека луѓето по неколку пати се враќаат, па праќаат луѓе од фамилијата така да ќе си ја постигнат целта. Таа евиденција сигурен сум дека не можат да ја водат продавачите, касиерите кој дошол кој влегол. Од мене лично мислам дека нема потреба од оваа мерка затоа што колку и да купуваат, потребите ќе ги задоволат луѓето ќе стават заљлихи и после извесен период продажбата ќе оди послабо на масло за јадење, вели Директорот на велешка „Маслодајна“ Горан Лазов.

Ова отвора дилеми, зошто власта сепак препорача трговците да ја ограничуваат продажбата на маслото. Министерот за економија дури и најавби дека доколку не се воведе ред, можќно е од наредната недела да се воведат и конкретни рестрикции. Министерот за земјоделство денеска тврди дека паника не треба да има оти Србија веќе ги најавила ветените количини.

Донесена е одлуката од српска страна за извоз. Два милиона литри зејтин од утре ќе бидат на располагање. Нема потреба од паника. Граѓаните да не се плашат и да не се грижат, има доволно зејтин за сите, рече министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Освен масло за јадење, Србија ќе треба да ни испрати и пченица и пченка што ни е неопходно за да се преброди кризниот период.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста