Кризата со пасошите добива на динамика – ќе се бара одговорност
Граѓаните и натаму нема да можат да закажат за пасош, проблемите се продлабочуваат, ќе се работи на решавање на проблемот. Како што рече министерот за внатрешни Наќе Чулев, пасоши ќе добијат само околу 650 луѓе кои веќе аплицирале за добивање на патна исправа, но оние кои закажале по итна постапка. Според него, за еден месец снемало околу 50.000 исправи. Чулев вели дека МВР сега располага со уште 3.600 до 3.700 обрасци.
– Имено на 6 декевмри 2019 во информација доставена до министерот за внатрешни работи од страна на помошникот министер се укажува дека на залиха имало 88.100 пасоши. Кога дојдов јас како министер службите не информираа дека имаме сериозен недостиг на лични докумнети вклучително и пасоши и во информација само еден месец подоцна на 8 јануари 2020 година службите ме информираа дека имаме само 27.580 пасоши, или околу 50.000 помалку, рече Чулев.
Министерот Чулев рече дека досега во МВР пристигнале околу 16.000 апликации за добивање патни исправи по редовна постапка, кои нема да може да бидат спроведени додека не дојдат новите обрасци, кои се очекува да пристигнат следниот месец.
– Во моментот на располагање имаме околу 16.500 поднесени барања во редовна постапка за издавање патни исправи, а по итна истапка до вчера на располагање имаме околу 3.700 патни исправи, рече Чулев
Чулев информираше дека до доаѓањето на новите пасоши, системот за закажување термини за пасош нема да биде во функција. Наредната нарачка од компанијата „Веридос“ согласно склучениот договор е 24 март, но имаат ветувања дека тој рок може да се скрати од 10 дена до две недели. Нарачка има и за обрасци за нови патни исправи со новото уставно име, кои треба да дојдат веќе од септември.
Борис Грујоски