Криза за вакцини за бебиња, од МЗ велат – ќе биде

Шествалентни вакцини за новороденчиња и доенчиња нема ниту во една поликлиника во Скопје. Загрижени родители до редакцијата на Алфа, се пожалија дека подолг период не можат да ги вакцинираат своите деца, иако тие имаат наполнето шест месеци. Велат, неколку пати биле вратени од вакциналните служби, бидејќи вакцини немало, а немало ниту информација кога ќе стигнат.

Од Здравствен дом Скопје кој ги менаџира поликлиниките, за Алфа велат дека набавката за вакцини ја прави Министерството за здравство и дека до нив пристигнуваат вакцините кои тие потоа ги распределуваат низ здравствените домови.

Од министерството пак ни одговорија:

Тригодишната набавка на вакцини за континуирана имунизација е завршена и очекуваме вакцините да се испорачаат во најкраток можен рок.” – велат од МЗ за Алфа.

Се јавивме и во останатите градови дали се соочуваат со истиот проблем. Од битолскиот здравствен дом велат дека вакцините се чекаат да бидат дистрибуирани овие денови. Шествалентни вакцини нема ниту во Прилеп.

Инаку, овие вакцини им се даваат на дечиња до шестмесечна возраст против полио – болест која предизвикува детска парализа, Хепатитис Б – болест на црниот дроб или познато како жолтица, дифтерија, тетанус и голема кашлица.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста