Кривичниот суд му го продолжи притворот на Камчев за уште 30 дена

Јордан Камчев останува во притвор – Судот седуммесечниот притвор го продолжи за уште 30 дена и покрај влошената здравствена состојба, како и гаранциите кои ги нудеше. Одлуката ја донел на 8 октомври, по барање на Обвинителството. Адвокатите на Камчев тврдат дека судот ги прекршува одредбите на Европскиот суд за човекови права, кои повеќе пати предупреди дека власта не дала конкретни причини за продолжување на притворот.

На денешното рочиште, одбраната на Камчев се пожали дека на 5 октомври, кога бил носен на распит во обвинителството за случајот „Империја“ бил понижуван, легнат на земја и претресуван.

-Во текот на спроводот, на понижувачки и деградирачки начин, Камчев е спроведен од Шутка до Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Барам од вас по службена должност да превземете дествија, да го испитате случајот, истакна адвокатот Менкиноски.

Камчев на рочиштетото за „Плацеви на Водно“ се обрати и сам до судијата,  истакнувајќи  дека станува збор за изживување.

-Немил настан беше, бев претресуван надвор, меѓу две возила, легнат на трева, додека другите затвореници се смееја. Лисиците ми беа толку многу стегнат, зад грб, што не можев да седнам на клупата во комбето, туку седев на земја. Едноставно беше изживување. Ненормален настан беше, истакна Камчев.

Бизнисменот беше посетен и од поранешниот евроамбасадот Јан Фигел, според кој во случајот Камчев  постојат незаконски докази на што укажа и Народниот правобранител во последниот извештај во врска со нехуман третман и тортура врз Камчев. Фигел укажа и на тоа дека во македонското судство се потребни итни реформи и сериозно да се работи на владеење на правото. 

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста