Кривична пријава против Лила Стојановска поради затајување данок!

Лила Стојановска, не го пријавила данокот за над 16 милиони денари кои и ги уплатила фирмата Дан-Мак Скопје, тврдат од Финансиска полиција.

Според истрагата, се утврдило дека на сметката на Лила во три наврати биле исплатени пари од скопската фирма, но таа парите не ги пријавила во годишната даночна пријава на УЈП, со што направила кривично дело затајување данок се вели во соопштението на Финансиската полиција.

„Расположливите парични средства како остварен приход пријавената Стојановска ги подигнала во целост во готово за себе лично, при што без да ги пријави во Годишната даночна пријава за 2017 година до Управата за јавни приходи, не пресметала и не уплатила Персонален данок на доход во висина од 1.7 милиони денари, за кој износ го оштетила Буџетот на државата“, велат од финансиската полиција.

Финансиска полиција реагира откако во јавноста косопственичката на изградба Инженеринг Дан-Мак, тврдеше дека на водителката Лила Стојановска и дала пари за изградба на пензионерски домови кои пари потоа не биле вратени, а домовите не биле изградени.

Адвокатот на Стојановска негираше, односно изјави дека долгот Лила го вратила.

Лила Стојановска беше сведок во постапката против Боки13 во случајот Рекет.

Таа истакна дека повеќе со Боки не се пријатели, а дека на телевизијата 1ТВ и дала позајмица и донација во висина од околу 33 илјади евра.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста