Критично во Малешевијата, изгореа куќи и викендици

Жителите на Умлена и Робово ја преживеаја најдолгата ноќ, откако пожарот се поблиску почна да беснее во атрот на нивните села. Се создаде огнена линија во дијаметар од десет километри. Заедно со македонските и бугарските пожарникари натчовечки напори во борбата со огнот дава и меснтото население. Сите гасат, со што имат и како умеат. Со лопати, гребала, кофи, црева за наводнување. Огнената стхија во пијанечко-малешевскиот регион не запира. Најдраматична е ситуацијата во маало Балабанци во село НОв Иственик. Целосно се пеплосани две куќи и две вили. Зафатени се делови од локалитетит Истевнички Кукуље.  Во целата несреќа и среќа е тоа што нема повредени.

Утринава огнот се гасеше и од воздух. Небото над Делчево и Пехчево го надлетуваат српски и македонски хеликоптери.ПОради полнење на гориво во претпладневните часови леталата се повлекоа. Во меѓувреме пристигна помош и од Словенија. Пламените јазици зафатија дел и од боровата шума во село Црник, поради што патот Делчево-Пехчево повторно е во преќин.Штетите се огромни. Се претпоставува дека се изгорени  над 1200хектари борова шума.

  Од ноќеска повторно е активен и пожарот во кочанските село КОстин дол и Новоселани. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста