Криминалното клопче се одмотува и во судството – експертите очекуваат строги казни

Криминалното клопче се одмотува и во судството – експертите очекуваат строги казни

Скандали, политички притисоци, мито – дел оние кои одлучуваат за човечки животи вмешани во најкоруптивни зделки, „белите јаки“ кои оставаат безредие во правосудниот систем, мора да сносат одговорност, инаку нема напред. Експертите предупредуваат за свилен за судството кое е паднато на колена. Последниот случај со апсењето на врховниот судија кој беше фатен со 10.000 евра мито покажува дека се одмотува „криминалното клопче“ кое сепак го имало и во највисоките инстанци од судската власт. За да имаме правна држава, секој што ќе се огреши пред законот, треба да биде казнет:

За да има правна држава секој мора да сноси одговорност, без исклучок. Секој граѓанин без разлика на функцијата, со тоа што кај функционерите одговорноста е секогаш поголема, не прејудицирам вина но ако се докаже, за било кое лице, мора да одговара пред законие. Додека не сфатгиме како држава дека никој не може да биде пред Уставот и законите ние само ќе се мачиме. На судството му е ставен свилен гајтан. Човечки, материјално-финансиски, во катастрофална состојба. Нема кадар, ниту една власт не наиде на разбирање на нашите барања дека без судии и без соодветен кадар, не може судството да работи, да функционира соодветно, ажурно и ефикасно. На пример, Апелација во Битола треба да има 26 судии а ние сме 9, за две три недели ќе бидеме 7. Кога граѓаните ќе ја дочекаат правдата? Ревизија вели дека судството не може да биде независно бидејќи нема пари. Нужно и неопходно е да има комплетно независен судски буџет и кадар со интегритет, вели поранешниот претседател на Судски совет, Зоран Караџовски.

Довербата тешко се стекнува а лесно се губи. Нема да се опоравиме уште долго, вели Караџовски.

Да се зајакне интегритетот и да имаат соодветни услови за работа. Во наредните 30 години нема да има зголемување на рејтингот, можеби минимално, нападнато судството дека сите судии се корумпирани, дека сите работат под политички притисок. Довербата тешко се стекнува а лесно се губи и споро ќе оди кревањето на рејтингот, може да има само благ пораз но не очекувам драстична разлика, додава Караџовски.

Во процесот на реформи, фокус треба да биде Судскиот совет и Академијата за судии и јавни обвинители. Поранешната Врховна судијка порача – потребни се судии со интегритет кои ќе овозможат да имаме професионално независно судство.

Мора да се почне од интегритетот. Потребни се судии кои ќе имаат интегритет, кои ќе работат чесно и согласно закон. Треба да се земе предвид и изборот на судии, функцијата на Судскиот совет, стручноста, понатаму, Академијата за судии и јавни обвинители, и начинот на кој функционираат – ние немаме време за чекање, предолго чекавме, и веќе редно време е за реформи, вели поранешната Врховна судијка Вера Коцо.

Обвинители под истрага, судии зад решетки, политички притисоци, урнати процеси, криминал кој долго чека да биде гонет, корупција која ги удави надежите за независен правосуден систем – епилогот е стопена доверба на граѓаните во судството.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста