Кратка лекција од меѓународните работи
Светската јавност неодамна се соочи со бунт и судири на протестанти со полицијата во Нова
Каледонија која како архипелаг сместена покрај Австралија претставува прекуморска територија
на Франција во Тихиот Океан. Испадна дека Франција има проблем со своите поддржувачи не
само од Африка во областа Сапхел, туку насекаде во светот конкретно и во Тихиот океан.
Ако претходно за вакви процеси беше обвинета паравојската на Пригожин, а покасно во Западна
Африка беше распореден руски воен корпус, една чудна изјава на француски министер ја смени за
миг оваа перцепција.
Имено во дадена изјава светската јавност слушна обвинување за случувањата во Нова Каледонија
што ја погоди надворешната политика на Азербејџан. Присутните упорно се трудеа да разберат
дали станува збор за лапсус или за нови случувања на светската политичка сцена и можеби нова
лекција во меѓународните односи. Изјавата ја даде францускиот министер за внатрешни работи и
прекуокеански територии Жералд Дерманин кој пристигна на лице место среде судирите. На ова
брзо следуваше демант од страна на Азербејџан.
Немирите кои се случуваа во Нова Каледонија привремено се надминати откако однесоа неколку
жртви, стотици повредени и стотици уапсени. Тоа е територија со внатрешна самоуправа која се
наоѓа на крајниот исток на светот и според западните претстави за тој свет, прекрасните пејсажи,
плажи и изобилство на морски плодови се чини не може да постои повод и можност за лоши
денови. Сепак околу шест илјади учесници вооружени со метални предмети, камења, молотови
коктели и по некое недозволено парче оружје се кренаа на сериозни судири со полицијата во кои
имаше и жртви. Станува збор за прашање на демократијата и сепак отпор со желба за
самостојност. Имено, предвидени се измени со кои од право на глас би биле ограничени оние
кои дошле во овој архипелаг после 1998 година. Тоа би значело дека всушност им се забранува
учество во политичкиот живот на оние кои не го знаат добро францускиот јазик. Веднаш по
ваквите бранувања уследија немири кои изнајдоа нова редица на причини, па беше заведен и
полициски час. Со брза интервенција на Претседателот Макрон овие измени на изборниот
законик се одложени, па немирите веќе се загаснати.
Азербејџан пак, е контитентална држава која се наоѓа во седиштето на Азија. Во смисла на иронија
некои коментараа дека Азербејџан во рамките на Советскиот Сојуз (1922-1991) порано
излегуваше на океаните и нема да му биде доволно што излегува на брегот на големото Касписко
езеро па сега, посегнал по океан.
Но, еве за што конкретно се работи. Неодамна имаше судир помеѓу Азербејџан и Ерменија во
случајот Нагорно Крабах, кога оваа ерменска енклава беше заземена од страна на Азербејџан со
поддршка на Туркије. Ерменија се налути на Русија која не можеше да и помогне во конкретниот
случај заради зафатеност на линија на украинскиот фронт која е зад овие позиции. И во таквата
лутина Ерменија започна јавно да бара помош токму од Франција. А Франција не одбива да
помогне во ваква состојба па понуди помош за Ерменија. Во декември настанаа скандали за
шпионажа помеѓу Париз и Баку. Изгледа Париз и Јереван во Ерменија го занемарија фактот
дека случајот Сапхел која Франција го губи во Африка е оценет како еден од големите порази на
Франција и на западниот развиен свет после поразите на Наполеон во Европа.
Во меѓувреме официјални лица од Конгресот на Нова Каледонија оствариле редовна средба со
делегации на Азербејџан. Иако е има сомнителна логика сепак, Азербејџан беше посочен како
една од можните причини за состојбата во Нова Каледонија. Особено затоа што минатата година
во Баку, Азербејџан се поканувани често делегации на овие држави по разни основи на средби.
А потоа се појави и знаме на Азербејџан кое го развиориле протестантите во Нова Каледонија.
Слика која се прошири по социјалните мрежи. На крај следуваа иронични коментари дека
делегациите кои пристигат таму треба да внимават затоа што богатата традиција на тие краишта
се сеќава на човекојадството. И така некои од социјалните мрежи беа привремено банирани, со
оглед дека помеѓу протестирачите се регистрирани многу малолетни и млади лица.
Додека целата оваа приказна остава егзотичен впечаток на заговори и игри, сепак светот научи
една нова лекција од оваа епизода на бурните меѓународни случувања. Несразмерноста во
силите веќе не е доволна причина за страв. Секогаш некој може да ви биде противник но, тоа не
значи дека нема да најдете сојузници.
Се барат нови сојузници кои може да бидат соодветни по различни прашања во зависност од
заеднички интерес. Секој бара нови јавни или тајни поддржувачи за својата политика. Некого на
кој може да се потпре за да се спротивстави на надворешен притисок. Од друга страна пак,
ретко кој може да помогне кога одреден субјект се најде под некаков притисок или уште полошо
воен напад.
Според тоа настапило време кога се потребни сериозни и вешти дипломати, професионалци со
многу визија и храброст. Потребни ни се храбри и пожртвувани луѓе во областа на информациите
и точноста на анализите и се разбира пред се лојални политичари кои знаат која е осовината на
еден национален интерес.
Петар Трајков