Крајно внимателно за празниците, ИВЗ ја откажа главната прослава на курбан Бајрам

Продавањето курбан за Бајрам, годинава во Тетово за прв пат е забрането. Иако општината одобри локација,поради пандемијата со коронавирусот, инспекциските служби сепак,не дозволиле сточарите да продаваат. Годинава нема да имаат профит, не само поради забраната за продажба, туку и поради отсуството на исселениците, кои вообичаено биле најчести купци.

За разлика од Тетово пак, сточниот пазар во Скопје беше преполн.Сточарите се жалат дека секоја година продажбата оди послабо,оти народот немал пари,но не беа расположени да зборуваат пред камера.Инаку,принесувањето жртва или курбан е еден од главните обичаи за празникот и значи приближување кон Бога.Утре наутро за утринската молитва џамиите се очекува да бидат преполни со верници. ИВЗ и за овој празник, упати апел за почитување на мерките и протоколите за заштита од вирусот,кои за потсетување, баш и не се почитуваа за Рамазан Бајрам. Џамиите тогаш беа преполни,маски не носеа сите, физичката дистанца пак,беше невозможно да се одржува.Токму ваквите големи собири, надлежните ги посочуваат како главен ризик за ширење на вирусот.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста