Крајно ризичниот и небезбеден патен правец на Галичица кобен за двајата сопружници од Ресен

Крајно ризичниот и небезбеден патен правец на Галичица кобен за двајата сопружници од Ресен

Крајно ризичен и небезбеден патниот правец Охрид-Преспа преку превојот на Галичица,кобен за двајца сопружници од Ресен кои излетаа од патот и завршија во провалија.Негрижата на државните јавни претпријатија кои наместо да го стават на приоритетна листа за одржување,не само што очигледно воопшто не  водат грижа,туку  со години со прст не мрднуваат да го реконструираат тесниот и непрегледен патен правец кој рекреативците и тоа го го користат. Ставен во патишта од трета категорија,поради тоа што е небезбеден во зима го затвараат.  

 Самите тие кажуваат дека патот е небезбеден, за жал имаше и иницијатива за реконстукција на патот, стигна до пола патот од ресенска страна е асфалтиран меѓутоа не се заврши со асфалтирање ниту со доуредување.Евидентни се оштетувања на заштитните браници, сигнализацијата, меѓутоа не е наше да оценуваме до кој степен е безбеден или небезбеден”- вели Антонио Додевски-раководител на Планинарска спасувачка служба

Во јавното претпијатие Државни патишта прашавме:зошто не превзеле ништо за да го реконструираат овој фреквентен патен правец,кој ќе сноси одговорност за загубата на двата животи,дали чувстуваат одговорност и каде ја лоцираат вината за трагедијата,но одговор не добивме.

Инаку од почетокот на годинава планинарската спасителна служба имала 18 интервенции, но ова е прв случај со кобен епилог. Автомобилот воопшто не се гледаше од асвалтниот пат,бидејќи конфигурацијата на теренот е стрмна велар спасителите.Прашање е сега како ќе се извлече автомобилот од амбисот кој е во зона на строга заштита на националниот парк Галичица.Од Управата на паркот која ја зголеми цената за поминување по патниот правец на 100 денари по човек и дополнителни 150 денари за автомобил,допрва ќе размислувале.

СТЕНД АП:Од Националниот парк Галичица немаат идеја како да го излечат автомобилот кој претставува потенцијална опасност,бидејќи може лесно да се преврти да се излизга и да падне на патните правци кои во овој период од годинава и тоа како се фреквентни.

Неофицијално незгодата се случила на дел од патот кој не е обезбеден со еластична ограда.Во полициското соопштение стои само дека патничкото возило фолсфаген голф го пронашле со помош на параглајдеристи и дека синот на загинатите пријавил во полиција дека неговите родители ден претходно во 22 часот се ооддалечиле од домот со возилото.

Росица Голабоска 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )