Крадци во Индија ја украдоа пепелта на Ганди

Крадците ја зеле неговата пепел од меморијалот во централна Индија, каде таа се чува од 1948 година кога беше убиен во атентат. Тие со зелена боја го напишале зборот „предавник“ преку неколку негови фотографии.

Дел од хиндуистичките екстремисти го сметаат Ганди за предавник поради неговото заговарање мир и единство меѓу хиндуистите и муслиманите.

Полицијата на Рева, во сојузната држава Мадја Прадеш, потврди за Би-би-си дека кражбата се истражува како чин кој „ѝ штети на националната интеграција“.

Мангалдип Тивари, директорот на меморијалот во Бапу Бхаван, каде што се наоѓала пепелта, кажа дека оваа кражба е „срамна“.

„Рано наутро ги отворив вратите на меморијалот бидејќи е роденденот на Ганди. Кога се вратив вечерта, видов дека е украдена неговата пепел и уништени се негови фотографии“, изјави Тивари.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста