Ковид-свадба и во Охрид – зетот и невестата дошле од Австрија да направат веселба

Македонски ковид свадби ги полнат болниците во охридско –струшкиот регион.Младоженци од Австрија кои свадбената веселба одлучиле да ја прават во родниот Охрид, завршија во болница откако кај двајцата бил дијагностициран опасниот вирус.Иако уште на пат кон родната грутка, идниот зет не се чувствувал добро,тие сепак ја направиле свадбата,по што тој бил хоспитализиран.Не се знае колку луѓе имало на свадбата,но епидемилозите не само што не ја исклучуваат можноста,туку очекуваат дел од свадбарите да се појават со симптоми на Ковид. Моментално во модуларната болница во Охрид се хоспитализирани 5 пациенти,2-ца од нив се вакцинирани со две дози,а останантите 3-ца не биле вакцинирани.

Од тие 5 хоспитализирани пациенти,тројцата пациенти се дојдени од странство и се од таму позитивни дојдени.Никој кај нас не ги контролирал на влез ,едниот е од Белгија, а двајцата брачни сопружници се од Австрија, не се вакцинирани пациентите-вели Мира Спасова-медицинска сестра.

Ништо подобра не е сликата ни во Струга, таму иселениците штом ќе слушнат дека некаде чукнал тапан со првиот лет доаѓаат и први се фаќаат на оро.Еподемиолозите кои го контактиравме потврдуваат дека голем број иселеници посебно од струшко, сега се наоѓаат во незавидна ситуација,бидејќи корона тестот кој задолжително мора да го направат пред да заминат назад во странство, е позитивен.Начесто тие дошле од Швајцарија,Австирија и Германија.Деновиве во Струга расте бројот на заразени, само вчера вирусот била дијагностициран кај 20-мина,најмладиот имал 19 години.

Па момантално имаме хоспитализирани 12 пациенти од кои што 8 се со поддршка на кислород и тоа од 2 литри па до 16 литри довод на кислород во минута-вели Арменд Арслани-дир.на општа болница Струга.

Со оглед на фактот без малку никој не носи маски,нити пак одржува дистанца,посебно кога станува збор за младите, кои одморот на риверата го поминуваат по забави,епидемиолозите со апел до радителите, да ги пуштаат децата сами на летување, само доколку се сигурни дека ќе ги почитуваат мерките за заштита.

Во Охрид овај период не знам што не се случи,огромен број на концерти,огромен број на непридржување на мерки,на ни еден протокол не продржување, забави во затворен простор-рече Горан Балев-дир.на општа болница Охрид.

Од почетокот на август градот е преполн,дневно доаѓаат и над 30-тина суспекти пациенти на ковид,на жирките има се повеќе и малолетни деца на 13 до 15 годишна возраст кои доколку се заразат,лесно можат да ја пренесат болеста кога ќе се вратат дома, посебно кај лицата со послаб имунитет-потенцираат докторите. Епидемилозите апелираат да се правата ПЦР тестови на секој што ќе влезе во државава.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста