Ковид статистики од кои никој не може да остане спокоен

Застрашувачки пораст на бројот на починати и новозаразени од Ковид19. За само три дена – 43 луѓе ја изгубија битката со болеста, последните бројки на смртни случаи укажуваат дека на секој час и половина има по еден починат, со што, процентот на вкупно починати во Македонија, со експанзијата на смртни случаи во последната недела, се искачи на близу 5 отсто.

Вирусот, освен според бројот на починати, ги руши досегашните рекорди и по брзината на ширењето. На удар најмногу се возрасните и хронично болните.Владата и покрај ваквите статистики и натаму е одлучна дека дел од хронично болните мора да одат на работа. За 72 часа евидентирани се 2.515 позитивни на Ковид, според статистиките на ИЈЗ за седум дена, бројот на вкупно заразените е пораснат за 70 отсто.

Граѓаните исплашени од високите бројки на заразени починати. Дури велат дека официјалните бројки не биле вистински. А за високата смртност, вината ја гледаат и во граѓаните но и во стратегијата на надлежните.

И покрај секојдневните сведошва на пацинети кои се бореле со болеста особено оние кои биле на кислородна поддршка, има и такви кои мислат дека вирусот не постои.

Ако продолжи ваквиот тренд, за следните седум дена ќе броиме повеќе од 100 починати. И експертите предупредија дека ако бројот на смртни случаи на дневно ниво е двоцифрен, Македонија ќе биде прва по стапката на смртност од коронавирусот во светот.

Анализите за причините за високата смртноста, засега не го видоа светлото на денот, иако безброј пати беа најавувани од страна на министерот Филипче.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста