Ковид првомајски празник – симнувањето на полицискиот час ги пополни излетничките места

Без голем метеж и со меѓусебно растојание, вака годинава голем дел од Скопјани го празнуваа први мај.

Во втората година од ковид пандемијата за денот на трудот наместо излет и скара, пракса што со години се негува, и годинава го немаше истиот џагор на луѓето и големите и бројни седенки во природа како од претходните години.

“Видно расположени со музика и скара вака граѓаните на излетичното место Марков манастир го прославуваат први мај. Велат дека ова е тоа што им недостигало.”

Имаше и такви кои со посна софра поради Велгиденскиот пост уживаа во убавините на природата.

Иако државата реши да нема полициски час  за Велигден и 1-ви Мај,под услов да носат маски и да не се прави метеж  на излетничките места, сепак имаше групирање на граѓани кои не сакаа да зборуваат пред камера.

Инаку, Меѓународниот ден на трудот се одбележува во знак на сеќавање на 1 мај 1886 година, кога во Чикаго, САД, повеќе десетици илјади работници излегле на улиците, барајќи подобри услови за работа и доследна примена на осумчасовното работно време.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста