Ковид пасошите стануваат нова „виза“ за ЕУ

Ќе останат ли македонските граѓани изолирани? Додека Европа се имунизира и се прават подготовки како да им се олесни патувањето на европјаните, Македонија само чека.

Европската комисија овој месец ќе предложи воведување дигитални ковид пасоши,.  Планот за воведување на таканаречената „дигитална зелена дозвола“ ќе биде претставен на 17 март и Европската комисија ќе соработува со меѓународни организации за да се обезбеди систем што би функционирал и надвор од ЕУ.

Оваа потврда ќе претставува доказ дека едно лице е вакцинирано против ковид-19, ќе покажува резултати од тестирањето за оние кои не се вакцинирани или ќе дава информации за заздравувањето за оние кои биле заразени со коронавирус. Државите ќе имаат право да постават и свои критериуми за влез.

Целта е постепено да се постигне безбедно движење низ Европска Унија и надвор од неа поради работа или туризам“, напиша претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на Твитер.

Држави како Грција, Шпанија и Португалија ја притискаа ЕУ да воведе ковид пасоши, сметајќи дека на тој начин ќе се поттикне европскиот туризам ова лето, додека Германија и Франција се спротивставуваа на оваа идеја, сметајќи дека е дискриминирачка.

И додека во Европа и во соседството се реазлизираат плановите за имунизација, кај нас има само план, ама нема како да го реализираме.  Единствените вакцини кои пристигнаа во Македонија, се они кои ги добивме како донација од Србија. . Дозите од вакцината на Синофарм кои ги чекавме до крајот на февруари се уште ги нема, а властите излегуваат само со нови оправдувања.   Се чека и од Ковакс механизмот, но и за тоа нема конкретен датум.

Граѓаните се револтирани зошто властите не исполнија ништо од тоа што ветија и бараат одговорност.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста