Ковид пасоши – спас или проблем за туристичката сезона?

Воведувањето на ковид пасошите во пресрет на велигденските и првомајски празнувања,кои пак се репер за летната сезона- ја подели туристичката фела. Туристичките работници стравуваат дека ќе се повтори ланската слика кога во последен момент беа откажани сите резервации,што би било погубно за македонскиот туризам. И ние и нашите странски партнери велат, го чекаме епилогот од договорите за воведување на вакциналните пасоши – за кого и за кои дестинации истите ќе бидат виза за патување? Ќе извисат ли македонците, ќе ја отежни ли тоа и така лошата туристичка клима?

„Апсолутно ќе ја отежни како не, ковид пасоши да, ама очигледно за богатите земји кои што успеаа на време да добијат вакцини и да си го вакцинираат населението. Дали тоа значи дека нашево население практично не може нигде да оди надвор?“, вели Ана Дуданоска-хотелиер.

„Доколку дојде тој момент масоно да се вакцинираме како нација, добро би било да се има документ со кој што би се потврдило дека одредено лице има одреден имунитет. Од друга страна пак тоа може да биде еден вид дискриминација, секој има човечко право да одлучи да не се вакцинира“, рече Климент Наумов – туристички водич.

Токму поради проблемот со вакцинациите и добивањето на документи за патување, германските туристи кои на ривиерата требаше да престојуваат во месеците март и април, ги откажаа аранжманите. Сега дел од странските резервации за месец мај сеуште се на стенд бај, а некои се поместени за месец јуни.

„Проблемот ни е дали ќе дозволат да доаѓаат во Македонија, дали ќе бараат ПЦР тест и најголемото прашање, дали кога ќе се врааќат во државата нивна,нивната држава ќе им бара ПЦР тест, пошто за 3 дена поминати во Македонија, 14 дена да остане во изолација, никој нема да дојде“, вели Ѓоко Наумоски-бродар.

Македонија во целиот пандемиски период е отворена,секој може да влезе и излезе од нашата земја која во борбата со ковид 19, сеуште е на листата на ризични региони. Прашањето со воведување на ковид пасоши, треба добро да се обмисли, велат нашите соговорници.

Министерот Филипче пак најави дека од следната недела ќе почне издавањето на потврдата за вакцинирање која ќе служи како документ за патување во оние земји кои тоа ќе го побараат. Засега најави има од Грција, која на 14 мај ќе ја отвори границата за македонци. Влезот во останатите земји од ЕУ за нашите граѓни е условен со негативен ПЦР-тест-уверува ресорниот министер.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста