Ковид кризата „изеде“ 7 илјади работни места во текстилната индустрија

Над 12.000работници пријавиле нарушување на работничките права, а 7000 останале без работа. Ова е данокот што го зеде корона кризата. Според анализите на штипското здружение Гласен Текстилец повеќе од 30% од вработените во изминатите година и половина се соочиле со незаконски отпуштања, несоодветни услови за работа, непочитување на работничките права.

  „Посебно во една ваква економско-здравствена криза од светски размери  многу жени останаа без работа и токму тие најмногу ја почувствуваа кризата. Од започнувањето на корона вирусот ние дававме конкретни мерки, што треба да се направи за да нема губење на работни места . Први ние укажавме на злоуптребите со државната помош„-изјави Кристина Ампева од Гласен Текстилец

Приказната за работниците од штипската конфекција „Алкон-текст„ отворајќи и затворајќи фирма на иста локација е типичен пример како може да се манипулира со законот. Потребно е вклучување на сите институции. За штипските борци за работнички права изминатиот период треба да биде лекција од која ќе се извлече силна поука

   „Не знаеме дали корона вирусот ќе прекине. Не знаеме дали понатаму ќе има последици. Со сигурност ќе има последици, состојбата нема да се врати во нормала . Меѓутоа како држава, како институции, организации за човекови права треба да имаме изграден систем , да имаме соодветна стратегија за да одговориме, која за жал ја немавме и бевме принудени да учиме во од „-изјави Кристина Ампева од Гласен Текстилец.

Според Гласен Текстилец брендовите за кои работат нашите компании имаат огромна одговорност и можат многу да ја унапредат состојбата со работничките права.

Од утре започнава петтата по ред Текстилијада која ќе се одржи под мототот „Известувањето и улогите во борбата за работнички права„. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста