Ковид-19 : Почина еден пациент, регистрирани 28 новозаболени

Нови 28 позитивни тестови на Ковид-19 се утврдени во последново деноноќие, соопштуваат од министерството за здравство. Бројката се однесува на вкупно направени 660 тестови.

Од заразените 11 се од Скопје, 9 од Прилеп, Куманово -2, Тетово -2, Велес -3 и Валандово -1.

Со ова вкупниот број на заболени во земјава се искачи на 1.259 лица.

Во изминативе 24 часа, во ГОБ „8 Септември“ почина пациент од Скопје, на возраст од 51 година, кај кој бил дијагностициран вирусот и бил примен во тешка состојба. Со ова вкупниот број починати во земјава достигна 56.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста